fbpx

Кривична пријава против градоначалникот на Берово оти патувал без налози

-

Кривична пријава против Драги Наџински, градоначалникот на Берово, поднела надворешната канцеларија за криминалистички работи (НККР) од Берово во соработка со одделот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, соопшти МВР.

Во пријавата поднесена до Основното јавно обвинителство Берово стои дека Д.Н. (59) од Берово сторил злоупотреба на службената положба и овластување.

Според полицијата, Наџински како градоначалник на општина Берово, од 1 јули 2015 до 1 јули 2017 година, повеќепати го користел службеното патничко возило, сопственост на Општина Берово, без да обезбеди решение за службено патување во странство од надлежен орган од Општината, како и без патни налози и без покани за службено патување во странство.

Полицијата го товари за 32 такви прекршоци, при што се вели дека превезувал и други лица.

Претходно МВР поднесе кривични пријави против градоначалниците на Штип, Велес, Крива Паланка, Неготино, Ново Село, а судски пресуди имаше за градоначалниците на Прилеп и на Кавадарци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...