fbpx

Кривичен суд: СЈО за притворот за „Трезор“ ни достави кодирано уесбе што не се отвора

-

Специјалното јавно обвинителство до Основниот суд Скопје 1 доставило уесбе кое било кодирано и не можело да се отвори, па предлозите за определување мерки за претпазливост во случајот „Трезор“ се вратени во СЈО, информираат од судот.

„СЈО до судот поднесе три предлози за определување мерки за претпазливост за четири лица, а доказите заедно со само еден писмен акт – документ, кои во согласност со законот треба да се достапни за судиите при одлучување во врска со предлозите, беа доставени во електронска форма на пренослива меморија (УСБ) која судиите на претходна постапка, кои согласно законот, веднаш по добивање на предлозите почнаа со постапување, не можеа да ја отворат, бидејќи меморискиот стик е кодиран“, информираат од Основен суд Скопје 1.

Оттаму додаваат дека откако го известиле СЈО, добиле усмен одговор дека доказите ќе може да се разгледуваат само и исклучиво во нивно присуство и дека само тие ќе имаат право да пристапат до нив.

„Нејасно е како судиите на претходна постапка треба да постапуваат по предлозите и да ги разгледаат доказите пред да постапат по нив, како би ги повикале странките, меѓу кои и овластениот обвинител, ако претходно не го разгледаат писмено образложениот предлог и основите што ги навел поднесувачот на предлогот, односно доказите, кое нешто е јасно предвидено во Законот за кривична постапка. Во согласност со ЗКП, во секој предлог на странките истите се должни, заедно со предлогот, да достават и правно релевантни докази, во соодветна писмена форма, врз основа на кои судот би можел да постапува и да одлучува. Ова е преседан во досегашното постапување пред овој суд“, велат од судот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...