fbpx

Кривичен суд: СЈО продолжува со притисоците и со заканите кон судиите

-

Претставките што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги поднесе до Советот за утврдување на факти против судии од Основниот суд Скопје 1 се уште еден од низата притисоци и закани кон судиите да одлучуваат како што очекуваат и посакуваат од СЈО, независно од законските норми, стои во реакцијата на Кривичниот суд.

Од судот велат дека јавноста имала можност да се запознае со односот и со стручноста на обвинителите на СЈО кон судот „кое го покажаа на последната главна расправа во предметот поврзан со настаните пред Општина Центар“, од јуни 2013 година.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи денеска до Кривичниот суд поднесоа жалби против одлуката на судијката Татјана Михајлова да ги казни по 2.000 евра, поради „непочитување на судот“. СЈО поднесе и претставки против судијките Александра Поп-Стефанија и Лидија Петровска заради утврдување на нестручно и несовесно вршење на судската функција.

Во врска со укинатото решение на судијката Александра Поп-Стефанија, според кое претресот на СЈО во домот на поранешениот началник на Петтата управа, Горан Грујовски, беше оценет како незаконски, од Основниот суд Скопје 1 велат дека тоа не значи дека Кривичниот совет донел конечна одлука доказите да можат да се користат во судска постапка, туку дека по предметот повторно треба да одлучува судија на претходна постапка.

„Ги демантираме наводите објавени на одредени медиуми дека со оваа одлука на Советот, не постои пречка прибавените докази од претресот да се користат во постапка, со оглед дека Кривичниот совет има донесено решение за враќање на предметот кај судија на претходна постапка на повторно одлучување“, стои во соопштението од Кривичниот суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деградиран рускиот свештеник што ја водеше комеморацијата на Навални

Рускиот свештеник кој ја предводеше комеморацијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални е деградиран од водечките црковни служби и му е наредено да отслужи тригодишно „покајание“, пренесе Гардијан. Свештеникот Дмитриј Сафронов...