fbpx

Кривичен суд: Се прават спектакли со канењето на сослушување на осомничени од СЈО

-

Во врска со повикувањето на сослушување на лица опфатени во истражни постапки на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во јавноста се прават спектакли, во кои судот, „респектирајќи го дигнитетот на судската власт“, нема да учествува, велат од Основниот суд Скопје 1.

„Во однос на повеќе новинарски прашања што беа упатени до судот во врска со повикување на сослушување на лица опфатени во истражни и во предистражни предмети кои ги води Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), ја информираме јавноста дека со оглед на тоа што со постапките на СЈО се прават спектакли со кои секојдневно се занимава јавноста преку прес–конференции и телевизиски излагања, а истовремено не се води сметка за презумијата на невиност и за законитоста на постапките, судот, респектирајќи го дигнитетот на судската власт, нема да учествува во ваков вид спектакли туку, наместо тоа, отсега благовремено и прецизно ќе ја информира јавноста за сите донесени одлуки преку соопштенија“, стои во соопштението од судот.

Оттаму, им порачуваат на медиумите за сите информации поврзани со истражни и со предистражни постапки на обвинителставата, да се обратат „до странките во постапките, бидејќи судот ги почитува уставно загарантираните права на сите страни во постапките“.

Инаку, во Кривичниот суд на сослушување треба да се појават двајца осомничени во случајот „Тендери“, што во четвртокот минатата недела го отвори Специјалното јавно обвинителство, а во кој првоосоменичен е раководител на Министерството на култура.

Специјалното јавно обвинителство уште во четвртокот испратило барање до судот на двајца осомничени во случајот да им бидат одземени пасошите и еднаш неделно да се јавуваат кај службено лице во судот.

Засега од судот нема информации дали судијата на претходна постапка им испратил покани за распит на осомничените и на обвинителот од СЈО што го води случајот, ниту кога ќе биде сослушувањето.

Според членот 294 од Законот за кривична постапка, по донесувањето наредба за спроведување истражна постапка, судијата на претходна постапка е должен без одложување да го разгледа предлогот за мерки за обезбедување присуство и веднаш да одлучи по него.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...