fbpx

Кривичен суд: Обвинителите на СЈО не ги почитуваат процедурите на судот

-

Кривичниот суд во Скопје денеска ги отфрли обвинувањата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) дека судот продолжува со опструкциите на нивната работа и одбива да издаде наредби за претрес што се однесуваат на сегашни и на поранешни високи функционери.

Во врска со неколкуте барања за претреси што СЈО ги поднело на 20 јануари оваа година, од Кривичниот суд велат дека обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова, не ги испочитувала процедурите на судот и наместо преку приемното одделение, четирите барања за претреси ги поднела директно кај дежурниот судија на претходна постапка.

За судот е нејасно зошто, и покрај воспоставените процедури, јавниот обвинител Лиле Стефанова не ги испочитувала истите и се упатила директно до дежурниот судија на претходна постапка и конкретните барања не се спроведени на соодветен начин и не се внесени во автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети, а имајќи предвид дека имало доволно време со оглед дека работното време на судот е до 16.30 часот, а дежурниот судија постапува и по 16.30 часот“, стои во реакцијата од Кривичниот суд.

Оттаму велат дека при доделувањето на предметите во кривичните совети, „исклучително се внимава кој судија колку пати постапувал во советите, за да се запази принципот на рамномерност, односно еднаква распределба“ и додаваат дека се зачудени на „заканувачкиот вокабулар во писмените дописи и во јавните соопштенија на СЈО“ кон судот и посочувањето на судии со име и со презиме.

Во писмените дописи и јавни соопштенија… за судските одлуки од кои СЈО не е задоволно, ги објавуваат имињата и презимињата на судиите, додека за оние одлуки од кои се задоволни, не ги објавуваат имињата на судиите и не се информира јавноста, иако се работи за истите судии, со што се прави обид за јавен линч на судиите. Постапувањето во согласност со законските процедури и судскиот деловник од страна на судиите при овој суд во никој случај не претставува „отежнување“ на нечија работа, особено ако другата страна очигледно, намерно или случајно, излегува од воспоставната процедура по која и претходно се постапувало“, велат од судот.

СЈО вчера соопшти дека судиите за претходна постапка Елена Јосифовиќ и Александра Поп-Стефанија „изразиле несогласност по барањата за определување наредба за претрес“, а кривичните совети во чиј состав биле судиите Љубинка Башеска, Горан Бошевски, Владимир Панчевски, Ленка Давиткова, Дијана Груевска-Илиевска и Ивица Стефановски ги потврдиле нивните решенија со кои ги одбиваат барањата за претрес.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...