fbpx

Кривичен суд: Апелaциjа не може да ни наложи да ги дадеме на СЈО доказите за „Пуч“

-

Кривичниот суд сè уште не ја добил одлуката од Апелацискиот суд Скопје во врска со жалбата на адвокатите на обвинитетите во случајот „Пуч“ против запирањето на постапката по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на 56 политичари и нивни соработници.

„По поднесувањето жалба од страна на одбраната на обвинетите во однос на решението на Судскиот совет за запирање на постапката во согласност со одлуката на претседателот на Република Македонија, целиот предмет е пратен на надлежно постапување во Апеалциониот суд – Скопје, од каде сè уште не е добиена одлука и предметот не е вратен“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1.

Во врска со копиите од доказите што Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги бара од Кривичниот суд, оттаму велат дека тие немаат обврска да ги дадат копиите и покрај одлуката на Апелацискиот суд, која, според нив, не е обврзувачка.

„Апелацискиот суд Скопје не може да му даде обврска на Кривичниот суд да достави копии од докази од конкретен предмет бидејќи по предметите постапува судија или судски совет кои се назависни и самостојни при носење одлуки, а повисокиот суд може само да даде упатства што да има предвид понискиот суд при повторно одлучување. Сметаме дека СЈО во оваа фаза најпрво треба да преземе мерки и активности за да се произнесе дали продолжува со постапката бидејќи досега не се произнесоа, а не на ваков начин да врши притисок врз судот како истиот да постапува“, се вели во соопштението.

Обвинителката и портпаролка на СЈО, Ленче Ристоска, на денешната прес-конференција, меѓу другото, рече дека во врска со предметот „Пуч“ се наоѓаат во многу незавидна ситуација поради несоработката на Основниот суд Скопје 1.

– Иако се обидуваме активно да настапиме со тој предмет, тоа ни е оневозможено од Основниот суд Скопје 1. Апелацискиот суд донесе решение во кое јасно укажа дека Основниот суд Скопје 1 ги повредил законските одредби и не постапил во согласност со законите кога го одбил нашето барање да ни ги предаде копиите и доказите. Апелацискиот суд јасно укажа дека Основниот суд има обврска да ни ги обезбеди овие материјали. Основниот суд сè уште нема постапено по укажувањата на Апелацискиот суд – изјави Ристоска.

Во случајот „Пуч“ се обвинети пет лица кои се товарат за неовластено прислушување, за шпионажа и за насилство кон престтавници на највисоките државни органи. Меѓу обвинетите се и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Зоран Верушевски.

Претседателот Иванов засега не ја повлекол аболицијата за двајца обвинети во случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...