fbpx

Критичарот на Путин, Алексеј Нaвaлни, осуден на условна, а неговиот брат на затворска казна

-

Рускиот суд му одредил условна казна на Алексеј Навални, жесток критичар на Кремљ и на политиката на претседателот Владимир Путин, додека неговиот брат Олег Навални е осуден на три и пол години затвор, објави денеска лондонски „Гардијан“.

Навални ги предводеше протестите против претседателот Владимир Путин пред три години, кога десетици илјади граѓани излегоа на улиците на Москва и на Санкт Петерсбург да демонстрираат против корупцијата во внатрешните кругови на владата на Путин.

Неговиот случај се смета за дел од кампањата за „задушување на дисидентите“.

Браќата Навални беа обвинети дека во периодот меѓу 2008 и 2012 година, украле 30 милиони рубљи, или околу 430.000 евра, според тековниот девизен курс, од две фирми, од кои едната е филијалата на француската компанија за козметика „Ив Роше“.

Кремљ ги отфрла обвинувањата дека го користи судот за гонење на опонентите, пишува „Гардијан“, наведувајќи дел од изјавите со кои Алексеј Навални ѝ се обратил на судијката Јелена Коробченко.

– Зарем не се срамите од тоа што го правите. Зошто го ставате брат ми во затвор? За да ме казните посурово – рекол Навални.

Алексеј Навални во моментот е во домашен затвор, издржува друга условна казна од пет години затвор, изречена минатата година за друго дело.

– Властите ги мачат и ги уништуваат роднините на политичките опоненти. Овој режим не заслужува да постои, мора да биде уништени – изјавил Навални пред репортерите надвор од судницата додека бил придружуван до возилото за затвореници.

Пресудата е донесена еден месец порано, откако подржувачите на Навални најавија дека планираат големи протести на 15 јануари 2015 година.

Неговите подржувачи, наместо во јануари, најавиле протести за денеска, на плоштадот пред Кремљ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...