fbpx

Кредитот предвиден за катна гаража, Општина Центар ќе го пренамени за изградба на новото училиште

-

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, достави предлог до Советот на општината за основање ново општинско основно училиште.

– За изградба на училиштето, Општината ќе земе заем во износ од 297.750.000 денари. Ова задолжување нема да биде ново оптоварување на буџетот, туку практично пренамена на средства од веќе планирани задолжувања. Имено, Општината го раскина договорот, потпишан од претходниот градоначалник Тодоровиќ, за кредит за изградба на катна гаража кај „Нова Македонија“, а тоа планирано задолжување го пренаменува за училиштето. Со оваа одлука, новото општинското раководство одлучи приоритет да даде на изградба на ново основно училиште, а не на катната гаража – се вели во соопштението на Општина Центар.

Новото училиште ќе го носи името „Капиштец“, како населбата во која се наоѓа. Ќе има капацитет за 500 ученици и ќе беде лоцирано на улиците Васил Ѓоргов и Адам Мицкијевиќ, а ќе се простира на 10.600 квадратни метри, со планирана површина за градба на објектот од 3.142 квадратни метри. Училиштето ќе ги задоволи сите стандарди за современо образование.

Од Општина Центар додаваат и дека веќе е почнато расчистување на теренот за изградба на првото основно училиште во Капиштец.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...