fbpx

Коѕијас ќе ги информира лидерите на грчките партии за текот на преговорите за името

-

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас ќе ги информира лидерите на грчките политички партии за разговорите во Виена и текот на преговорите за името. Наместо претседателите на партиите да дојдат во зградата на грчкото МНР, според медиумите, Коѕијас брифинзите ќе ги одржува во партиските штабови.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за денеска напладне официјално е закажана средба со генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција, Димитрис Куцубас, со што и ќе започне циклусот средби. Веројатно е дека денеска Коѕијас ќе се сретне и со лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис, додека пак во текот на утрешниот ден се предвидени разговори со лидерката на ПАСОК и Движење за промена, Фофи Генимата и претседателот на Сојуз на централисти Василис Левендис.

Најголемата опозициска партија Нова Демократија ќе остане последна за информирање, откако лидерот Кирјакос Мицотакис одби да го прими Коѕијас и побара да биде информиран лично од премиерот, па Коѕиас ќе се сретне со одговорниот за надворешна политика во партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...