fbpx

Коѕиас: Заев одбра име, Грција ќе даде зелено светло за ЕУ и НАТО

-

Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас вчера во интервју за телевизијата „Контра“ кажа дека македонскиот премиер Зоран Заев избрал кое име го сака од трите предлози на посредникот Метју Нимиц – Северна, Горна и Нова Македонија, но не прецизираше за кој предлог конкретно станува збор.

Коѕиас очекува со денешниот телефонски разговор меѓу премиерите, преговорите да бидат финиширани и да се постигне договор со кој двете земји ќе бидат победници.

– Мислам дека денес го направивме решителниот чекор и утре ќе разговараат повторно двајцата премиери и ќе го завршат разговорот што го започнаа денес – рече шефот на грчката дипломатија во интервјуто и објасни дека „преговорите не се права линија туку се напорен пат со подеми, падови и тешкотии“ и затоа Коѕиас вели дека е потребно трпение и трезвеност.

За европската и евроатланската перспектива на Македонија, Коѕиас рече дека со ратификуван договор во нашето македонското Собрание, Грција ќе даде зелено светло на Самитот на министри за надворешни работи на ЕУ на 25 јуни, а ако се оди според планираното НАТО ќе достави покана за членство на нашата земја.

– Штом го имаме ратификувано договорот, да се надеваме дека ќе го имаме, од нивното Собрание, како ратификувани и прашањата што ги имаме со Албанија, ние со големо задоволство ќе дадеме „ок“ за да тргнат по нивниот европскиот пат. Секако, доколку ги имаме навистина решено сите проблеми, се надевам дека утре ќе завршиме, ние треба да помогнеме и да ги поддржиме овие земји на нивниот европски пат – рече Коѕиас.

Тој објасни дека покана за НАТО е она што може да се даде, како што е планирано, ако се биде во ред на Самитот на 11 и 12 јули, додавајќи дека за оваа покана потребни се ратификации од сите земји членки.

Коѕиас истакна дека кога договорот ќе пристигне во грчкиот парламент потребно е да се завршат сите внатрешни процеси кај нас за да започне процесот за членство во ЕУ и НАТО, а потоа и Грција ќе го ратификува за да стапи во сила.

Шефот на грчката дипломатија говорејќи за името, рече дека тоа ќе биде соопштено по разговорот меѓу двајцата премиери, доколку денеска се комплетираат деталите, но откри дека името е веќе одбрано. Во однос на јазикот го повтори ставот дека македонскиот јазик е признат уште во 1977 од ОН.

Коѕиас вели рече дека македонскиот јазик не е нешто што го дава или го зема Грција, затоа што тоа е нешто што е веќе дадено од ОН, но и согласно со ИСО стандардите.

Шефот на грчката дипломатија на неколку пати повтори дека од договорот јасно ќе произлегува дека „соседната земја нема никаква врска со антиката и со античка Македонија, а јазикот припаѓа на словенската група јазици“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...