fbpx

Коѕиас: Тие што одбиваа да преговараат за името, сега не дозволуваат да се формира влада

-

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, испрати остра порака до Македонија дека иредентизмот кон Грција ја кочи европската перспектива на државата. Говорејќи за грчката надворешна политика во Атинската стопанска комора, Коѕиас истакна дека во спорот за името се проблематични иредентистичките тенденции што земјава ги покажува со барањето на името Македонија.

– Проблемот за името не доаѓа од расправија за нечија крштевка, туку е поврзан со иредентизмот и овој иредентизам значи и оспорување на границите на еден регион и не може во современа Европа да се интегрира една држава како членка на ЕУ кога има таков иредентизам – изјави Коѕиас.

Проблемот на Македонија, но и на другите балкански држави, според Коѕиас, е недостигот од култура на компромиси и внатре во државата и во надворешната политика и неразбирањето на суштината на демократијата и правилото дека и малцинството може да стане мнозинство. Тој забележа дека тие што одбиваат со Грција да преговараат за суштинско решение за името се истите кои сега не сакаат да дозволат мнозинството во македонскиот парламент да формира влада.

– Демократијата не е само демократија на мнозинството. Во Античка Грција постоеше проблемот дека едно мнозинство кое создава механизам да остане постојано мнозинство, без да биде суштинско мнозинство, може да доведе до тиранија на мнозинството – вели Коѕиас.

Според него, сепак, благодарение на мерките за градење доверба, односите меѓу двете страни се интензивирани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...