fbpx

Коѕиас: САД ќе понудат алтернатива за рускиот гасовод

-

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, најави дека САД се заинтересирани да претстават нова, контрапонуда на рускиот гасовод. Во изјава за „Асошиејтед прес“, грчкиот министер, кој уште денеска е во Вашингтон, најавил дека САД наскоро ќе го испратат специјалниот советник на Стејт департментот, Амос Хохстајн, во Атина, за преговори околу потенцијалната енергетска соработка.

– САД се волни да ни понудат контрапонуда за гасоводот од „Газпром“ – изјавил Коѕиас, додавајќи дека Русија, сепак, на Грција ѝ има понудено многу добра понуда и можност на Грција, преку предлогот за нов гасовод кој од Турција ќе оди во Грција, а потоа кон Македонија и Србија. Коѕиас истакнал дека преговорите со Русија се чисто од економска, а не од политичка природа.

– Ги прашувам сите наши партнери, ве молам кажете ми што да му кажам на народот, дека Турција смее да донесе гасовод од „Газпром“ до нашата граница, ама јас сум толку антируски настроен што не сакам да го доградам – додава Коѕиас.

Грција останува заинтересирана за новата можност за руски гасовод кој би поминувал низ нејзината територија, паралелно со Трансјадранскиот гасовод кој ќе пренесува низ Грција гас од Азербејџан. Грција веќе подолго време е заинтересирана да се постави како силен и важен играч на европската енергетска мапа, можност која ѝ се даде и преку одлуката за градење на ТАП. Сепак, Грција се соочува со пречки за можноста за влез на руските енергетски магнати на нејзината територија преку тивки притисоци од ЕУ и од САД. За потсетување, минатата година „Газпром“ во последен момент ја повлече понудата за приватизација на грчките компании за гас ДЕПА и ДЕСФА, наводно поради силни европски притисоци кои не дозволуваат ширење на рускиот енергетски монопол дополнително во ЕУ и бараат алтернативни извори на енергетско снабдување. Разговорите и интензивниот грчки интерес за нов руски гасовод се чини дека повторно го имаат активирано истот аларм во САД и во ЕУ, кои се очекува повторно да вклучат црвено светло за можноста за договор и за изградба за ваков гасовод.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...