fbpx

Коѕиас: Проблемот не е името, туку иредентизмот

-

Не името, туку иредентизмот на македонската влада е клучниот елемент што создава проблем меѓу Македонија и Грција според новиот шеф на грчката дипломатија, Никос Коѕиас.

Коѕиас, во интервју за емисијата „360 степени“ на грчката телевизија „Алфа“, го истакна односот на македонската влада како најголем проблем меѓу двете страни, посочувајќи дека македонската страна треба да престане со таквиот однос кон Грција и добро да размисли какви реални решенија е подготвена да прифати.

„Проблемот со БЈРМ не е името. Името само го згуснува, само додава повеќе на проблемот. Зад името се крие вистинскиот проблем, а тоа е иредентизмот“, изјави Коѕиас.

Новиот грчки министер за надворешни работи посочи дека е решен да го реши името, меѓутоа смета дека меѓународната заедница треба да направи поголем притисок на македонската влада за да се издејствува измена на иредентистичките позиции што го сопираат решението на спорот.

„На нашите странски партнери им велам дека сакам да го решам проблемот, но за да се реши, наместо да ни поставуваат нам прашања, време е да почнат да вршат притисок кон Скопје, кон БЈРМ, за да престане да се однесува онака како што се однесува, мислејќи дека сите притисоци ќе бидат врз нас. Време е таа влада да размисли самата за вистинските решенија што е подготвена да ги прифати“, истакна Коѕиас.

Неговите ставови се на идентична линија со она што веќе две години го слушаме од актуелниот премиер, Алексис Ципрас. Тој, пак, уште пред да формира влада, упатуваше јасна критика кон македонската влада поради иредентистичкото однесување, истакнувајќи дека таквиот став, заедно со националистичките тенденции од двете страни, само го одмагаат решавањето на проблемот меѓу двете страни и им штетат на односите на двете држави.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...