This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Mon Dec 10 0:23:14 2018 / +0000 GMT

Коѕиас пред МНР го дочека протест и транспаренти „Нашето име е Македонија“




За време на средбата помеѓу македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Димитров и неговиот грчки колега, Никос Коѕиас, пред Министерството за надворешни работи на протест се собрани група граѓани.

Тие носат транспаренти на кои на англиски јазик е напишано „Нашето име е Македонија“, „Коѕиас оди си дома, не си добредојден во Македонија“, „Стоп за холокаустот против Македонците“ и „Стоп за расизмот и дискриминацијата кон Македонците“.

Коѕиас и Димитров по средбата ќе имаат заедничка прес-конфренција, по што грчкиот министер за надворешни работи ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието, Талат Џафери, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, а попладневно во Собранието ќе има средба и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Post date: 2018-03-23 10:51:02
Post date GMT: 2018-03-23 09:51:02
Post modified date: 2018-03-23 10:51:02
Post modified date GMT: 2018-03-23 09:51:02

Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. MS Word saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com