Коѕиас потврди дека Заев и Ципрас ќе имаат телефонски разговор денеска


       
Атина, 11 јуни, 2018 - 13:03 (META) 

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по заминувањето од премиерскиот кабинет кусо потврди дека премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев денеска ќе се слушнат на телефон.

Коѕиас не сакаше да даде изјава за медиуми, но на новинарско прашање дали Ципрас и Заев ќе разговараат денеска, кусо рече: „Ќе го направат тоа“. Но, не одговори што ќе си кажат, изјавувајќи дека премиерите сами ќе соопштат, пренесува „Иефимерида“.

Грчките медиуми претходно објавија дека шефот на грчката дипломатија бил на вонредна средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас во премиерската палата.