fbpx

Коѕиас оптимист дека до јуни може да има решение за името

-

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас во интервју за „Ројтерс“ изразува убеденост дека до јуни, оваа година ќе се реши прашањето за името и дека тоа е во интерес и на Грција и на регионот, пренесува македонската државна новинска агеција МИА.

– Во животот, Александар Велики докажа дека треба да ги сечеме Гордиевите јазли. Во еден момент, треба да завршиме со такви прашања…Сакаме да го решиме. Тоа е во наш национален интерес и во интересите на регионот, за стабилност, безбедност и економски раст – вели Коѕиас во интервјуто, во кое ја споменува и нацрт-спогодбата што Грција ќе ѝ ја достави на Македонија.

Тој го повторува она што во вторникот го кажа по средбата со медијаторот Метју Нимиц, дека спогодбата нема да биде текст што ќе ги содржи само грчките ставови, ниту пак завршен договор, туку основа врз која ќе може да се почне соработка.

На коментарите дека грчката влада не успеала да обезбеди широка политичка поддршка за преговорите, Коѕиас одговара, со, како што вели, „еден парадокс“.

– Ако не се постигне денес договор, кое име останува? На меѓународно ниво, ќе останеме со рамно „Македонија“, така што нема да бидеме во корист, а во нашите (билатерални) односи ќе остане „поранешна југословенска Република Македонија – вели шефот на грчката дипломатија и додава дека „само се лажеме со лингвистичка акробација, затоа што граматички, името ќе го вклучува терминот Македонија, но со хронолошка дефиниција“.

Во однос на протестите во Грција, Коѕиас вели дека тие се знак на демократија, а луѓето и во двете земји што не се согласуваат со добар компромис, не значи дека имаат лоша намера.

– Тоа се едноставни граѓани, кои проблемот го гледаат од различен агол, без да ги земат во предвид историските или идните перспективи за соработка – Коѕиас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...