fbpx

Коѕиас: Мерките за градење доверба и спорот за името, приоритет на грчкото МНР

-

Грција ќе продолжи со политиката за спроведување и за промовирање на мерките за градење доверба со Македонија. Грчкиот шеф на дипломатија, Никос Коѕиас ги посочи мерките и спорот за името како еден од приоритетите на новиот состав на Министерството за надворешни работи при претставувањето на програмата на владата за надворешната политика во грчкото собрание.

Коѕиас и во оваа пригода истакна дека очекува македонската влада да престане со иредентистичката политика и да се согласи на реалистичен и конструктивен пристап за решавање на спорот за името.

Шефот на грчката дипломатија како клучен приоритет го посочи решавањето на кипарското прашање. Во однос на надворешната политика која ќе ја води оваа влада на Ципрас, оцени дека се работи за активна политика со мултидимензионален пристап и соработка со што повеќе држави за да се заштитат националните интереси и за да се искористи влијанието што Грција го има како фактор на стабилност во медитеранскиот регион.

Коѕиас посочи дека остануваат посветени на европската перспектива и иднина и дека надворешната политика ќе се води со поглед на европската рамка, европското и меѓународното право, со почит на добрососедските врски, но и на грчките национални интереси.

Првиот човек на Нова демократија, Евангелос Меимаракис, истакна дека владата треба да продолжи да ја следи политиката од Букурешт во врска со Македонија.

„Во врска со Скопје, повторуваме дека важи едногласната одлука од Букурешт која ја постигна владата на Костас Караманлис“, истакна Меимаракис.

Коѕиас во својот говор индиректно ја нападна поранешната амбасадорката во Македонија и актуелен грчки амбасадор во постојаното грчко претставништво во Брисел, Александра Пападопулу, за непослушност и за непочитување на наредбите и на политиката на министерството. Претходниот ден Коѕиас и поранешната шефица на грчката дипломатија, Дора Бакојани, имаа жестока кавга токму поради одлуката на Коѕиас Пападопулу да го напушти грчкото постојани претставништво во Брисел.

„Кога министерот за надворешни работи става вето за важно национално прашање, ниту еден дипломат нема право да го повлече ветото затоа што тоа не му се допаѓа или затоа што го притискаат од трета страна“, истакна Коѕиас.

Одлуката на Коѕиас да ја тргне Пападопулу од Брисел и да и понуди позиција Уругвај, Конго и Босна, како и некои други промени во дипломатските редови, доведе до бран оставки во Министерството за надворешни работи поради незадоволството од тоа како министерот ги третира искусните дипломати. Според информациите, оставка си поднеле генералниот секретар во министерството, Димитрис Параскевопулос, и заменикот на генералниот секретар, амбасадорот Михалис Спинелис.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...