fbpx

Коѕиас: Грчката влада не отстапува од ставот за името и нема да потклекне на притисоци

-

„Грчката влада не отстапува од своите ставови и нема да потклекне под притисоци за прием на БЈРМ во НАТО под привремената референца, како што интензивно периодов се слуша од различни политички и медиумски извори и во двете држави“, изјавил шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, во својот говор во Кожани.

„Сега, кога работите се стабилизираа, повторно ќе дојдат некои европски политичари и ќе кажат дека за да се стабилизира државата, треба да се внесе во НАТО и во ЕУ. Ние немаме ништо против, но тие треба да ги исполнат нивните обврски, што значи дека треба да престанат со иредентизам и да направат компромис во спорот за името“, изјавил Коѕиас.

Тој истакнал дека в среда треба да се сретне со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со кого немало да разговараат за спорот за името, туку за методот како ќе продолжат преговорите за името.

„В среда доаѓа министерот за надворешни работи на БЈРМ за да дискутираме за тоа како можеме да ги развиеме нашите врски. Имаме предлози за дополнителни мерки за градење доверба и да дискутираме за тоа како може да разговараме во спорот за името. Нема да зборуваме за името, туку ќе зборуваме за методот“, посочил Коѕиас.

Шефот на грчката дипломатија истакнал дека од разговорот со Димитров ќе процени дали новите изјави на македонската влада кон Грција имаат пријателски тон. На македонските политичари им порача дека мора да ги прифатат европските вредности и да покажат култура на компромис.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...