fbpx

Коѕиас го информирал Штајнмајер за предлогот за мерки за доверба

-

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, еден ден пред посетата на Ципрас на Берлин, имаше долга тричасовна средба со германскиот колега Франк Валтер Штајнмајер во германското Министерство за надворешни работи, на која се разговарало и за спорот за името.

Според информациите во Грција, во фокусот на разговорите била актуелната политичка нестабилност во државата и ставовите околу преговорите за името. Весникот „То вима“ коментира дека Берлин и понатаму покажува голем интерес за Западен Балкан и би сакал да има водечка улога за напредокот и за подобрувањето на економските врски на балканските држави со ЕУ.

Весникот забележува дека Германија смета дека Западен Балкан во моментов како да не се движи кон побрзо интегрирање во ЕУ, но треба да се работи на подобрување на балканската економска соработка со ЕУ. „Берлин, исто така, е заинтересиран и за регионалната стабилност. Поради ова посакува мирна ситуација во ПЈРМ, каде судирот меѓу владата и опозицијата оди надвор од контрола“, пишува „То вима“.

Што се однесува до аспектот за поинтензивна соработка меѓу двете страни, Берлин бил информиран за грчките идеи за мерки за градење доверба, кои Коѕиас во Атина најави дека би се доставиле до македонската страна во текот на април за да може да почнат разговори за нивно развивање и спроведување.

Според весникот „Катимерини“, неизвесно е колку ќе бидат успешни мерките за градење доверба кои, како што најави Коѕиас, главно ќе бидат „за да се справат со иредентизмот“ од македонската страна, што, според него, е клучен проблем кој создава ѕидови меѓу двете страни.

„Сметате дека Груевски би се откажал од постоењето на „македонско малцинство“ во Грција или, пак, би го отстранил споменикот на Александар Македонски за некои мерки за градење доверба? Би било добро доколку тоа се случи, но тешко дека тој би сакал да изврши политичко самоубиство“, коментира во анализата на „Катимерини“ новинарот Ставрос Ѕимас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...