fbpx

Коѕиас: Договорот ќе биде ратификуван од мнозинството грчки пратеници

-

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас, денеска изрази уверување дека Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент од мнозинството пратеници, јави дописничката на МИА од Атина.

– Нема шанси да не се изгласа во Парламентот – рече Коѕиас во интервју за грчкото радио „Њуз 247“, повторувајќи го неговиот став од декември минатата година дека ќе постои мнозинство пратеници, а не партии кои ќе го поддржат договорот.

Паралелно тој ја отфрли можноста за гласање од 180, наместо 151 пратеник, како што побара лидерот на Независни Грци и коалициски партнер во грчката Влада, Панос Каменос.

– Јас лично му објаснив на Каменос и ќе продолжам да го имам овој став дека Уставот предвидува 180 гласови за договор за отстапување на национален суверенитет. Ние не отстапуваме национален суверенитет. Имаме договор за промена на името и на Уставот на трета земја – рече Коѕиас.

Говорејќи за следните чекори и од двете страни, шефот на грчката дипломатија коментираше дека „добро одат временските рокови“ и очекува до крајот на годината Македонија да ги заврши обврските, а потоа да биде и гласањето во грчкиот парламент.

– Мислам дека на 16 или на 23 септември ќе се одржи референдум, бидејќи врз основна на нивните закони потребни се два месеци јавна дискусија и потоа, штом ќе го одржат референдумот, ќе следат уставни промени и кога ќе завршат со ова, ќе дојде договорот во Парламентот – објасни Коѕиас.

За несогласувањата од Независни Грци, Коѕиас истакна дека секој владин коалициски партнер има право да не се согласува, а фактот што Панос Каменос е министер за одбрана, според шефот на грчката дипломатија, нема да има никакво влијание на претстојниот НАТО Самит, бидејќи за проширувањето не решаваат министрите за одбрана. Во Брисел, за две седмици, ќе заминат Каменос и Коѕиас заедно со премиерот Ципрас.

– Министерот за одбрана во НАТО се занимава со техничките прашања, а со политичките прашања како што е проширување и интеграција на Северна Македонија се занимава министерот за надворешни работи. Ова не е тема на министерот за одбрана, објасни министерот за надворешни работи на Грција во интервјуто за грчкото радио, пренесе МИА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...