fbpx

Коцијанчич: Законот за амнестија е важен чекор за помирување во општеството

-

Усвојувањето на законот за амнестија за лицата вклучени во настаните во Собранието на 27 април 2017 година беше поздравен и од Маја Коцијанчич, портпарол на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика и за европска соседска политика и преговори за проширување.

– Одлуката на Собранието да го усвои законот за амнестија со големо мнозинство е важен чекор за помирување во општеството и за потребата за надминување на болната поларизираност. Овој процес е клучен за потпомагање на изградбата на национален консензус за стратегиските прашања во интерес на земјата. ЕУ очекува овој закон да не повлијае на независноста на судовите, кои се единствените што треба да решаваат кој бил вклучен во организирање или извршување насилство или кој не ги извршил своите официјални должности на 27 април 2017 – порача Коцијанчич.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според првичните извештаи, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, Сиљановска...