fbpx

Коцијанчич за „Мета“: Ги поздравуваме напорите на Иванов за дијалог со партиите

-

Европската комисија денеска ги поздрави тековните напори на претседателот Ѓорге Иванов за средби со лидерите на политичките партии, кои се сметаат за клучни за одлуката кому ќе му се додели мандатот.

– Ги поздравуваме тековните напори за разговори со сите политички партии – изјави за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

Таа потсети дека сите партии истакнале дека се залагаат за реформската агенда на ЕУ и оти се согласиле дека патот кон ЕУ е стратешка цел за земјата.

– Ако работат заедно на постигнување на оваа заедничка цел, тие де факто ќе имаат уставно мнозинство, кое е важно за евроинтеграциите – рече Коцијанчич.

Во врска со вчерашното барање на ВМРО-ДПМНЕ, Брисел да објасни на основа на кој дел од Уставот на Македонија, ЕУ очекува претседателот Иванов да определи лидер за формирање „што е можно поширока влада“, Коцијанчич појасни дека потребно е широк политички консензус и широката коалиција за справувањето со претстојните предизвици.

– Зборуваме за потребата да се има широк политички консензус и широка коалиција, за државата да може ефикасно да се справува со многуте предизвици што ѝ претстојат. Имплементирањето на приоритетните реформи, Договорот од Пржино и решавањето на билатералните спорови во една рака ќе бараат силна посветеност со сите политички партии – појасни Коцијанчич.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...