fbpx

Коцијанчич: Поддршката и почитувањето на СЈО се обврска на сите институции

-

Европската Унија ги охрабрува сите институции во земјава да дејствуваат во рамките на обврските од Договорот од Пржино и да ја поддржат работата на Специјалното јавно обвинителство без никакви опструкции, вели за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, во врска опструкциите што му се прават на СЈО во истрагата во Управата за безбедност и контраразузнавање. Таа ја нагласува и важноста на правната и на политичката одговорност за прислушувањето и за содржините што произлегуваат од него.

„Како што Европската Унија неколкупати претходно нагласи, а и комесарот Јоханес Хан минатата недела во Скопје, Специјалното јавно обвинителство е клучен елемент од Договорот во Пржино, потпишан од сите лидери на главните политички партии. Сите тие повеќепати се обврзаа да ја поддржат и да ја олеснат работата на Специјалното јавно обвинителство, без опструкции. Европската Унија силно ги охрабрува сите тела во земјата да дејствуваат во рамките на овие јасни обврски и со целосна почит за правната позиција на СЈО. Европската Унија ја нагласува важноста од правна и од политичка одговорност за прислушувањето и за содржините што произлегуваат од него. Решавањето на овие сериозни прашања кои се однесуваат на владеењето на правото е клучно за враќањето на земјата на евроатлантскиот пат и за враќање на довербата кај граѓаните“, вели Коцијанчич, на прашањето за коментар на последните настани поврзани со опструкцијата на работата на СЈО која ја врши Управата за безбедност и контраразузнавање, заедно со поранешниот министер за внатрешни работи и актуелен директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и со дополнитениот заменик-министер Оливер Андонов.

Идентични пораки, во врска со случувањата на линија УБК – СЈО, упатија и Aмбасадата на САД во земјава, Делегацијата на Европската Унија и амбасадорот на Велика Британија во Скопје, Чарлс Гарет.

Тие порачаа дека на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева мора да ѝ биде овозможено да спроведе целосна и независна истрага, без никакви опструкции, а државните институции и политичките партии да соработуваат, во согласност со Договорот од Пржино.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...