fbpx

Коцијанчич: Итно да се избере спикерот на Собранието и да се стави крај на несигурноста

-

Европската комисија денеска повторно повика да се почитуваат резултатите од изборите и претседателот Ѓорге Иванов да ја ревидира својата одлука.

– Како што ЕУ и претходно соопштуваше, резултатите од неодамнешните парламентарни избори мора да се почитуваат, да се стави крај на сегашната несигурност и владата мора да се оформи без понатамошно одложување врз база на парламентарното мнозинство кое е формирано – изјави за „Мета“, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, одговарајќи на прашањето дали ЕУ планира некакви мерки за деблокрање на кризата и дали е можно доаѓање на нови високи претставници на ЕУ во Македонија.

Таа потсети на претходните изјави на високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, еврокомесарот Јоханес Хан и на Европскиот парламент, кои повеќепати побараа Иванов повторно да ја разгледа одлуката.

– Го охрабруваме претседателот итно да го преиспита својат став. Сега очекуваме сите политички лидери и институциите да дозволат демократските процеси да го продолжат својот тек. Тоа вклучува избор на спикер на Собранието, без понатамошно одложување – рече Коцијанчич.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...