fbpx

Коцевски во Велес, Марин во Аеродром – СДСМ објави дел од кандидатите за градоначалници

-

СДСМ ги објави имињата на кандидатите за градоначалници за дел од општините за престојаните локални избори закажани за 15 октомври.

Во Општина Аеродром кандидат на владејачката партија ќе биде Златко Марин, во Бутел – Велимир Смилевски, во Гази Баба ќе се кандидира Борче Георгиевски, за Ѓорче Петров кандидат е Александар Наумоски, а во Кисела Вода СДСМ за свој кандидат го предложи Филип Темелковски.

Премиерот Зоран Заев вчера при посетата на Арачиново соопшти дека претставник на СДСМ на овие избори во таа општина ќе биде Милитие Халими.

– Во Арачиново ќе настапиме со член на СДСМ, почитуван во општеството. Ќе настапиме со жена Албанка, Милитие Халими, која со семејството потекнува од ова место. Утврдивме 70 отсто од кандидатите на СДСМ за градоначалници, а во тек се преговорите со актуелните, но и за потенцијални коалициони партнери – рече Заев.

Во Штип кандидат ќе биде сегашниот потпретседател на партијата, Благој Бочварски, кој својата кандидатура ја објави на „Фејсбук“.

„Ќе бидам идниот градоначалник на Штип, а градот ќе биде вистински центар на Истокот и најубавиот град во Македонија. Мојот предизвик е да ги обединам сите граѓани, без разлика на партиската и на етничката припадност“, напиша Бочварски.

Во Валандово е предложен Перо Костадинов, во Велес – Аце Коцевски, за Демир Капија е предложен Лазар Петров, во Крушево се кандидира Томче Христоски, во Македонска Каменица – Соња Стаменкова, за Неготино – Тони Делков, во Охрид градоначалник би можел да биде Јован Стојановски, во Пласница – Шресим Ајроски, во Ресен во трката влегува Живко Гошаревски, во Сопиште – Далибор Богдановски, за Старо Нагоричане кандидат ќе биде Жаклина Јовановска, за Чашка – Горан Стојановски.

Во Струмица, каде досега три мандати градоначалник беше сегашниот премиер Зоран Заев, ќе биде предложен Коста Јаневски, кој ја извршува функцијата в.д. градоначалник по предвремените парламентарни избори во декември минатата година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...