fbpx

Котевски: Нема потреба за загриженост, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е тука и е добро

-

Точно 12 дена, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не се појавил во јавноста, со изјава или промоција на проект. Последен пат тој беше забележан од камерите на 28 април годинава, на промоцијата на проектот „Од град во село за нов почеток“, во Музејот на ВМРО.

Единствено, во јавноста се појавија негови фотографии по средбата со пратеничката од Европскиот парламент, Маријана Петир, која се одржа на 6 мај годинава.

– Претседателот на партија е добро и е тука, нема потреба од загриженост – изјави за „Мета“, Иво Котевски, директор на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ на прашањето која е причината за ова отсуство на поранешниот премиер.

Ова не е прво „исчезнување“ на Груевски од јавноста:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, веќе четврти ден го нема во јавност откако последен пат беше виден во петокот (19 февруари 2016 г.) на средбата со бизнисмените во Сојузот на стопански комори. 

Отсуството тогаш беше особено невообичаено, оти лидерот на владејачката партија редовно имаше и партиски и владино-промотивни активности.

Лани летото, исто така, медиумите го бараа тогашниот премиер, но неколку дена немаше никаква информација за него. Подоцна на „Твитер“ се појави информација дека тој е на одмор во Израел.

Вчера за „Мета“ извори од партијата на власта изјавија дека меѓународната заедница има секојдневни разговори со лидерите на партиите и излегоа со можни сценарија за излез од кризата.

– Можеби и ние нема да учествуваме на изборите, ќе се откажеме, па ќе учествува некој трет, ќе освои 10.000 гласа и изборите ќе пропаднат. Или, ако странците инсистираат на некакво неповолно решение, можеби ќе излеземе од Владата, па СДСМ нека прави малцинска влада со кого сака – изјавија неофицијални извори од вадејачката партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...