fbpx

Котевски: МВР и понатаму е со зголемено ниво на готовност

-

Насоките и предупредувањата за можни одмазднички акции во врска со полициската акција во Куманово од 9 мај и подигнатото ниво на безбедносни мерки содржани во инструктивната телеграма што Министерството за внатрешни работи ја испрати до раководните лица во министерството, сè уште се на сила, потврди за „Мета“ помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски.

– Безбедносното ниво е подигнато уште претходно и за тоа јавноста беше информирана. Насоките од иструктивната телеграма сè уште се на сила – вели Котевски, на нашето прашање дали по информациите дека косовската полиција го подигнала нивото на безбедност поради можни терористички напади од џихадисти, идентични мерки преземаат и македонските безбедносни органи.

Македонската државна новинска агенција МИА, вчера вечерта објави информација дека косовската полиција го подигнала нивото на мобилност и го засилила обезбедувањето на виталните објекти, повикувајќи се на косовскиот портал „Лајми.нет“.

Инаку, веста на „Лајми.нет“ е објавена пред четири дена, односно на 29 јуни, со наслов „ИСИС подготвува терористички напади на Косово? Полицијата ниту потврдува, ниту демантира“.

Во веста на косовскиот портал, што ја пренесува и МИА, стои дека според нивни извори, косовските власти, наводно, планираат да ја откажат традиционалната прослава на Денот на независноста на САД, бидејќи настанот, поради големата фреквенција на луѓе, е привлечна цел за напад.

Македонското МВР, според информациите објавени на почетокот на јуни, испрати инструктивна телеграма до раководните лица во МВР, за подигнување на безбедносните мерки поради оперативни сознанија дека одредни поддржувачи на терористичката група која беше ликвидирана во Куманово, можно е да имаат планови за киднапирање функционери на МВР и за напади на витални државни институции.

Во тие рамки, биле издадени упатства за обезбедување на лицата и на објектите за чија безбедност е задолжено МВР, за постапување и за ракување со службената опрема и со возилата и насоки во однос на обезбедување и на патролирање на северната државна граница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....