Случајот „Тендери“ кој СЈО го отвори, а се однесува на наводна злоупотреба на службено овластување при избор на фирма за градба на објектот на Музејот на македонската револуционерна борба, е целосно монтиран процес, дел од една политичка пропаганда на СДС која има цел да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека целосната постапка за изградба на музејот е спроведена во согласност со законите, јавно и транспарентно.
– ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека сите проекти и сите постапки се работени според законите. Истите беа ставени на увид од страна на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, за секој да може да се увери во законитоста на постапките – додаде Костовски.