fbpx

Костовски: Случајот „Тендери“ е монтиран процес за да се оцрни ВМРО-ДПМНЕ

-

Случајот „Тендери“ кој СЈО го отвори, а се однесува на наводна злоупотреба на службено овластување при избор на фирма за градба на објектот на Музејот на македонската револуционерна борба, е целосно монтиран процес, дел од една политичка пропаганда на СДС која има цел да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, изјави на прес-конференција Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека целосната постапка за изградба на музејот е спроведена во согласност со законите, јавно и транспарентно.

– ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека сите проекти и сите постапки се работени според законите. Истите беа ставени на увид од страна на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, за секој да може да се увери во законитоста на постапките – додаде Костовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...