fbpx

Костовски: Ако не престане политичкиот прогон, протестите ќе се радикализираат

-

На протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда денеска пред граѓаните се обрати Мане Јаковлевски. Тој кажа дека наместо светла иднина државата е обвиена од темнина.

Наместо мир и безбедност, бројот на убиства е зголемен, а и животните се вознемирија, почнаа да напаѓаат луѓе, порача денеска Мане Јаковлевски на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда.

– Тоа што актерите, пејачите, членовите на патриотските здруженија се во затвор, а убијците од Смилковско езеро се на слобода е цинична и селективна правда на хунтата на власт – рече Јаковлевски.

Јаковлевски порача дека протестите ќе продолжат се додека неправедно притворените лица на настаните во Собранието од 27 април годинава не бидат пуштени на слобода.

Дарко Костовски, пак, рече дека „да ги браниш македонските национални интереси е света должност“ и кажа дека токму за тоа постои ВМРО-ДПМНЕ. Тој повтори дека денешната прес-конференција на СЈО и седумте нови истрага, во кои се осомничени 17 лица, меѓу кои и министри и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ е обид за дефокусирање на јавноста.

Костовски обвини дека и Основното јавно обвинителство е под диктат на СДСМ и оти се притвораат лица кои си ја сакаат државата, под обвинение за тероризам. Тој најави радикализирање на протестите доколку власта веднаш не престане со политичкиот прогон и не ги пушти на слобода неправедно притворените.

Во однос на инцидентот за време на блокадата на граничниот премин Табановце и притворањето на еден од демонстрантите, Костовски рече дека е „учебникарски пример како се однесува политичка хунта“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...