fbpx

Костадинов: Обвинителство да провери како Мицкоски добил 33.000 квадрати земјиште за хидроцентрала

-

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов денеска го повика јавното обвинителство по допрен глас да ги провери сомневањата за организиран криминал и судир на интереси во случајот со доделување 33.000 квадратни метри земјиште за хидроцентрала на фирма во која сопственик е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Земјиштето е доделено во време кога Мицкоски му бил советник на поранешниот премиер Никола Груевски, а Костадинов на денешната прес-конференција презентираше документи за случајот.

-Сомнежите се основани и поткрепени со документи коишто покажуваат дека во време кога Мицкоски му бил советник на Никола Груевски, преку фирмата „Енерготек ДОО Скопје“ во која лично тој има удел, од Владата добил 33.000 квадратни метри земјиште земјиште за изградба на хидроцентрала. Заедно со компанијата „Минка ДА“ го основаат конзорциумот „Минка-Енерготек“, кој е избран за најповолен понудувач и подоцна го добива земјиштето. Уделот на фирмата „Енерготек ДОО Скопје“ во конзорциумот денеска изнесува 99 отсто. Ова е класичен судир на интереси – рече Костадинов.

Тој порача оти сомнежите дека има организиран се поткрепени и од фактот што еден од сопствениците на „Енерготек ДОО Скопје“ е и Димитар Димовски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, и во времето на министерувањето на Миле Јанакиески, и негов соработник.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...