fbpx

Косово: Полицијата употреби водени топови против демонстрантите

-

Косовската полиција со водени топови се обиде да ги растера демонстрантите во центарот на Приштина. Активистите на „Самоопределување“ со камења фрлаа по полицијата. Повредени се 30 полицајци, како и лидерот на „Самоопределување“, Висар Имери.

Инцидентот настана откако претставникот на „Самоопределување“, Дардан Муличај, ѝ постави ултиматум на полицијата за 15 минути да ги отстрани блокадите поставени пред Владата на Косово.

Муличај првин ја обвини полицијата на Косово дека им го одзела озвучувањето на учесниците на протестите, запирајќи ги автобусите на демонстрантите и апсејќи еден превозник во Пеќ. Тој додаде дека опозицијата организира мирен протест и оти полицијата не е потребна.

Демонстрантите, кои ги предводи опозициското движење „Самоопределување“, бараат оставка од министерот Александар Јабленовиќ и рудникот „Трепча“ да стане јавно претпријатие, на што се противи Владата на Србија и политичките претставници на Србите на Косово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Откажани денешните и утрешните летови меѓу Скопје и Виена поради протест на вработените во „Аустриан Ерлајнс“

Вработените во „Аустриан Ерлајнс“ денеска, четврток и утре, петок (28 и 29 март) штрајкуваат поради несогласувања околу платите, што резултираше со откажување на околу 400 летови, што, пак, ќе...