This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Fri Nov 24 22:25:27 2017 / +0000 GMT

Корупцискиот магнет „Синохидро“ и спинот на Груевски




Интервју на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на ТВ Нова:

Прашање: Земавте ли пари од Кинезите?

Одговор: Никакви пари не сум земал, какви пари, тоа се државни фирми, државни компании, на памет не ми паднало такво нешто!

[Извор: ТВ Нова, (од 19.48) датум: 07.07.2017]

YouTube Video: YouTube.com/watch?v=WAad7fruUkI

Ваквиот одговор на Груевски имплицира како небаре да не можело да се земе никаква провизија, никакво мито од кинеските фирми, кои учествуваа на тендерот за изградба на патиштата Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, затоа што, ете, тие биле „државни фирми, државни компании“, па заради тоа нему ни на памет не му „паднало такво нешто“. Ваквиот одговор имплицитно кажува дека земањето мито како да е небаре незамисливо или во најмала рака многу тешко токму заради државната сопственост на овие фирми.

Но, ова е многу далеку од вистината. Имено, корупцијата во Кина е раширена далеку повеќе кај државните компании отколку кај приватните, како што тоа и редовно се случува во еднопартиските држави и генерално во земјите со голем деловен сектор во државна сопственост и каде што контролните механизми на демократската држава се неразвиени или не постојат. Потоа, кинеските државни фирми се огромни. На пример, на листата на 225 светски компании, кои се глобални лидери во инженеринг и градежништво, првите пет се кинески, а „Синхидро“, компанијата која го доби тендерот за автопатиштата Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип е на 14. место во светот. Заради ова, зделките кои ги договараат кинеските државни фирми се големи, а со тоа и корупцијата е на високи суми.

Kontraspin-foto-Vistinomer-1024x281

Колку таа корупција во кинескиот државен сектор е раширена, најдобро покажува и фактот што пред само две години, кинеските власти одеднаш приведоа дури 115 директори од најголемите државни фирми токму поради сомневања за корупција. Покрај ова, околу 150 директори и други високи службеници во државните кинески компании беа репатрирани од цел свет во Кина, откако побегнаа поради сомневања дека биле корумпирани. Значителен дел од нив беа пребегнати во европските земји со кои Кина нема договори за екстрадиција.

„Синохидро“, пак, која е компанија во склоп на кинескиот државен енергетски џин „Power China“, е посебна приказна кога станува збор за корупцијата. „Синохидро“, како прво, е огромен. Во моментов работи во 72 земји на 486 градежни објекти од различни видови, чија вкупна вредност е 43 милијарди евра. Голем дел од овие проекти, како и автопатиштата кај нас, се финансирани од кинеската „Ексим банка“.

Во некои земји, просто е зачудувачки како проблемите со кои компанијата се соочува се слични на тие кај нас. На пример, во Еквадор „Синохидро“ гради хидроцентрала и како што овде има проблеми со клучките и трасата на автопатот Кичево - Охрид, таму има проблем со очекуваното производство на електрична енергија, кое се смета дека ќе биде двојно помало од предвиденото, што значи дека има проблеми со студијата за исплатливост, а покрај ова забележани се еколошки проблеми, како и корупција. Слично како и овде.

Во Африка, пак, Африканската банка за развој (АБР, нешто слично како ЕБОР – Европската банка за обнова и развој) го стави „Синохидро“ на црна листа и го натера да се согласи на сеопфатна проверка дали ги почитува нејзините правила, откако беше откриено дека се вршени измами во тендерските постапки и договорите за работа во Уганда. „Синохидро“ во Африка доби тендери и во Зимбабве за зголемување на капацитетите на две електрични централи со вкупен износ од 533 милиони долари, но проблемот е во тоа што овој износ е двојно повисок од тој што е платен за слична зделка на другата страна од истата држава. За тоа колку или дали се натплатени автопатиштата кои ги гради „Синохидро“ во земјава, тешко е да се утврди. Како што е познато, со оглед на тоа што стануваше збор за кинески пари, на тендерот можеа да се јават само кинески фирми, а во однос на понудата на второпласираната „China International Water & Electric Corporation“ (CWE), Специјалното јавно обвинителство вели дека со неа воопшто не е ни преговарано и од неа не е воопшто побарано да достави дополнителна понуда. Но, сличен ваков случај со натплаќање имаме кај еден друг автопат, оној од Демир Капија до Смоквица, кој го гради грчки „Актор“, каде што веќе има завршена истрага од страна на Бирото за борба против корупција на ЕУ (OLAF) и каде што се смета дека е прифатена понуда која е далеку поскапа од најниската, како и дека натплатениот износ е околу 100 милиони евра.

Истрагата на АБР утврди и дека во текот на тендерската постапка за изградбата на пат во Уганда се правени измами во кои е вмешан „Синохидро“ и како дел од договорот за да не ѝ се забрани на компанијата да учествува на тендери во период од три години, таа ќе биде под засилен надзор, а потоа и ќе биде оценувана дали ги подобрила своите корпоративни практики за воопшто да може