fbpx

Корупцијата е како камелеон – ја менува формата, а не суштината

-

„Не очекувајте да откриеме нешто ново за корупцијата во државата, бидејќи колку повеќе се трудиме да ја идентификуваме, толку повеќе коруптивните активности ја менуваат својата форма“, изјави поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, на дебатата за предизвиците во изборниот процес во Македонија, која ја организираше „Цивил“ – Центарот за слобода.

Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики вели дека коруптивните активности, како што се составувањето списоци на сигурни гласачи, нивно мобилизирање и тактиката на „вадење на гласачот надвор“, се практики што се приенуваат насекаде во светот, иако се нелегални.

– Она што повеќе загрижува е медиумската (не)застапеност на помалите политички партии и неизбалансираноста на бројот на гласачите во изборните единици, со што се намалува вредноста на едно пратеничко место за сметка на друго, од некоја друга изборна единица – рече Ристеска.

Миша Поповиќ од Институтот за демократија „Социетас цивилис“, потврди дека постојат неправилности во предизборниот процес во Македонија и нагласи дека граѓаните со постабилна социоекономска положба се помалку подложни на притисоци и на уцени.

За извештајот на Европската комисија за Македонија, Малинка Ристевска-Јорданова изјави дека можеби пораката од ЕУ изгледа нејасно, но во врска со реформите кои треба да се случат во Македонија пораката е децидна.

– Тие реформи, според извештајот, не може да ги спроведе оваа влада, а тоа е јасна порака од ЕУ дека треба да имаме промена на власта – рече Ристевска-Јорданова.

Поранешниот претседател на Државната комисија за спречување на корупција, адвокатот Драган Малиновски, изрази скепса за веродостојноста на изборите во декември поради тоа што партиите ги гледаат државните институции како воен плен, наместо како алатка што треба да работи во корист на граѓаните.

Дебатата е дел од „Караванот на слободата“, кој во изминативе неколку месеци организираше повеќе активности во повеќе од 40 општини низ целата земја, вклучувајќи концерти, уметнички работилници, поетски и театарски перформанси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...