fbpx

Копчето за прислушување најдобро е да го притиска ОТЦ, вели шефот на УБК

-

Системот за следење на комуникациите треба да се дислоцира од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), за да се укине монополот што Управата сега го има во овој процес, рече директорот на УБК, Горан Николовски на научно-стручната дебата „Безбедносни дијалози за процесот на трансформација на УБК и механизми за контрола на следењето на комуникациите“, што денеска се одржа на Факултетот за безбедност во Скопје.

– Досегашните анализи и истражувања покажаа дека е потребно вадење на медијациските уреди (уреди за пренасочување) од УБК и нивно префрлање на друго место. УБК има монопол во следењето на комуникациите. Јас како директор имам можност да бидам запознат со сè што се случува во државата, јас го ставам потписот и тоа е тој монопол. Поентата е тоа да се отстрани како можност и да понуди решение со кое повеќе нема да се злоупотребува овој систем – рече Николовски, презентирајќи ги претстојните реформи во системот на следење на комуникациите, кои произлегуваат од извештаите и препораките Рајнхард Прибе и неговата експертска група.

Изминатиот период, како што рече, биле разгледани четири модели како тоа да се направи. Според првиот, уредите би се префрлиле кај операторите, вториот модел бил нивно дислоцирање во Јавното обвинителство, третиот е формирање на независно тело за контрола на овој процес и четвртиот модел е уредите да бидат кај операторите, кога ставува збор за следење на комуникациите за кривични дела, а за прашања за безбедноста на државата тие да останат во УБК.

Според Николовски, најприфатлив модел е третиот, односно формирање на независна владина агенција, која ќе биде надлежна за техничкиот дел од следењето на комукациите.

Станува збор за оперативно-технички центар, кој нема да може да собира податоци, односно нема да ги следи комуникациите, туку само ќе го обезбеди сигналот или, како што рече Николовски, таа ќе го стиска копчето.

– Тие ќе може да го вклучуваат сигналот, но нема да може да слушаат – вели шефот на УБК.

Владата веќе го прифатила овој модел и формирана е работна група, која треба да го дефинира конечното решение.

Николовски очекува до крајот на декември, групата да излезе со законски решенија за регулирање на ова прашање и додаде дека во целиот процес ќе биде вклучена и јавноста преку дебати, за да се зголеми свеста за потребата од ваквата реформа.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...