fbpx

Координаторите на ВМРО-ДПМНЕ ја почнаа блокадата на Собранието

-

Попладневната сесија на шестата седница на Собранието на Република беше прекината по само две минути од почетокот.

Зоран Илиоски, како „координатор на третата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ“, побара половина час пауза и стенограми од претходната дискусија и видеозапис.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, му укажа дека не се меша во правото на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да формираат пратенички групи, но дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи е за да имаат 10 координатори кои постојано ќе бараат паузи за да ја блокираат седницата.

– Не коментирам процедурално, Вие побаравте половина час, ќе добиете еден час. Десет групи сте, ќе добиете 10 часа пауза за да блокирате. Сега ќе добиете половина пауза, а ќе добиете стенограм за да го видите вашето меѓусебно комуницирање. Видеоснимка ќе добиете во текот на работата – рече претседателот на Собранието пред да прогласи нова пауза.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...