fbpx

Концерт по повод Меѓународниот ден на полетувањето на човекот кон вселената

-

Вечерва, од 19 часот, во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, во Свети Николе, целовечерен концерт ќе исполнат солистки, членки на врвниот руски вокален ансамбл од градот Електростаљ, Московска област во Руската Федерација.

Овој културен настан го организира Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, по повод 12 април, Меѓународниот ден на полетувањето на човекот кон вселената, пишува порталот „Исток прес“.

Тоа е денот кога советскиот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин како прв човек во светската историја, полета од земјата кон вселената.

Јуриј Гагарин, истовремено е првиот човек кој ја прелета Земјата околу нејзината орбита.
Јуриј Алексеевич Гагарин, руски космонаут, е роден во 1934 година во местото Гжатска, а животот го загуби во авионска несреќа во 1968 година.

На 12 април 1961 година во „Васток-1“ од Земјата полета кон вселената. Летот беше успешен и траеше 108 минути, по што Гагарин се спушти на земјата, јужно од Саратов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...