fbpx

КОНТРАСПИН: Најмалку што треба да направи Трајановски, е да понесе морална одговорност

-

Во ситуација кога во Скопје се случи потоп и кога има над 20 жртви, крајно несоодветно е со невидена леснотија да се елиминира одговорноста во стилот „така сакал Господ“! Наместо да се турка спинерската приказна дека „природата била сурова“, најмалку што треба Трајановски да направи, е да ја напушти градоначалничката функција од морални причини, пишува „Вистиномер“.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, не чувствува одговорност за поплавите и изгубените човечки животи. Тој жали за настраданите, но вели дека се работи за природен феномен.

Скопскиот градоначалник не се наоѓа себеси одговорен за катастрофата што му се случи на главниот град на 06.08.2016 година. Поплавите досега (08.08.2016) однесоа 21 жртва, повеќемина се исчезнати и повредени, има поплавени и разурнати домови, уништени улици, превртени автомобили… Но, Коце Трајановски смета дека е во прашање „виша сила“ и не ја става под прашалник улогата на човечкиот фактор, односно, сопствената одговорност.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...