!На 1 февруари 2017 година, завршува промотивниот период на слободно користење, без регистрација и без претплата, на содржините на „Мета“, кое беше воведено за да им овозможиме полесен пристап на корисниците до навремени и проверени вести. За начинот на пристап и за претплата, од 1 февруари 2017 година ќе информираме дополнително. При пренесувањето и преземањето на содржините од „Мета“, задолжително е атрибуирање и линкување.

Контраспин: Груевски ем се заканува на дипломати, ем бил прозападно ориентиран?!


       
Скопје, 20 декември, 2016 - 15:28 (META) 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, изминатиот викенд пред Државната изборна комисија (ДИК), читајќи го прогласот усвоен од партискиот извршен комитет, во кој најави дека партијата нема да учествува на евентуално прегласување, даде неумесна изјава во која остро ги нападна странските дипломати, пишува „Вистиномер“.

Оваа изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дадена пред насобраните партиски приврзаници пред ДИК, во која кажа дека „има информации за вмешување на некои странски претставници во правец на постизборен инженеринг“, ја сметаме за недоследна и за политички спин. Груевски, од една страна, вели дека нема да дозволи дипломати повеќе да се мешаат во внатрешните работи на Македонија, дека во иднина нема да учествува во преговорите помеѓу партиите доколку во нив се вклучени странски претставници, а, од друга страна, кажува дека ВМРО-ДПМНЕ била и ќе биде прозападно ориентирана партија, дека стратешка ориентација ѝ е членство во НАТО и во ЕУ и пријателство со САД!

Ваквиот настап на претседателот на владејачката партија е загрижувачки и претставува грубо извртување на вистината и на прв поглед изгледа чудно, дури збунувачки.

(Целиот текст од „Вистиномер“ можете да го прочитате и да го преземете ТУКА)