fbpx

Континуирано опаѓа поддршката за Ципрас

-

Во Грција, се чини, сè повеќе опаѓа поддршката за владата на СИРИЗА, а се зголемува разочараноста и песимизмот дека работите може да тргнат во нагорна линија. Новата анкета на јавното мислење спроведена од весникот на новинарите, кој важи за пролевичарски ориентиран, покажува зголемување на јазот меѓу Нова демократија и СИРИЗА, со силна предност од 11 отсто на десничарите пред партијата на премиерот Алексис Ципрас.

Поконкретно, резултатите од анкетата покажуваат дека Нова демократија има поддршка од 28 отсто од испитаниците, а СИРИЗА – 17 отсто. Комунистичката партија е на трето место со поддршка од 13 отсто, потоа се ПАСОК со 10 отсто и Река со 9 проценти, а зад нив е неонацистичката Златна зора со 8 отсто од гласовите на испитаниците.

Висок е процентот на неопределени гласачи, поконкретно неопределените се на второ место, пред поддржувачите на СИРИЗА. Во анкетата 25 отсто од испитаниците се изјасниле дека се неопределени.

Граѓаните се песимисти дека работите може воопшто да се подобрат во следниот период. Мнозинство од испитаниците, дури 68 отсто, сметаат дека во следните 12 месеци ситуацијата во државата ќе продолжи да се влошува.

Негативните резултати од анкетите за левичарската СИРИЗА доаѓаат во период кога премиерот Ципрас работи на реконструкција на владиниот состав, која, според медиумите, може да се случи и до крајот на неделата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...