fbpx

Конкурс за наградите „Крсте Чачански“ и „Јован Котески“

-

Здружението за литература, култура и наука „Бран“ од Струга и ревијата за книжевност „Бранувања“, петтипат го распишуваат востановениот конкурс за наградите „Крсте Чачански“ – за необјавена збирка на кратки раскази и „Јован Котески“ – за необјавена поетска збирка.

Според пропозициите, расказите, односно песните не смеат претходно објавувани. Расказите треба да не се подолги од 100 реда (три страници новинарски проред) и да имаат наративна форма. Поетската збирка да содржи најмногу 50 песни, а секоја песна да не биде подолга од 30 стихови.

Ракописите во четири примероци да се испраќаат на адреса: „Бранувања“, ул. „Нико Нестор“ 22, 6300 Струга, со назнака: конкурс за наградата „Крсте Чачански“, односно „Јован Котески“ најдоцна до 20 април 2015 година, или по електронски пат на: [email protected] и [email protected].

Две тричлени жирија, составени од компетентни македонски писатели, ќе го извршат изборот на наградените книги, кои ќе бидат објавени и промовирани на денот на доделувањето на наградите на 3 јули 2015 година во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Досегашни добитници на наградите „Крсте Чачански“, односно „Јован Котески“ се Христо Петрески, Трајче Кацаров, Милован Стефаноски, Санде Стојчески, Петре Димоски, Витомир Долински и Марина Мијаковска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...