fbpx

Конференција во Тирана: Бизнисот минатите години ја одржуваше регионалната соработка

-

Бизнисот беше тој, кој во изминатите години непрекинато ја одржуваше регионалната соработка, дури и кога политичките процеси затајуваа, изјави националниот координатор на Коморскиот инвестициски форум во рамките на Стопанската комора на Македонија, Татјана Штерјова на конференцијата „Иднината на Балканот – кон глобална вклученост“, што се одржа вчера во Тирана.

На конференцијата се разговарало за перспективите на институциите за глобална вклученост на земјите од Западен Балкан, за состојбите на пазарот на капитал во овие земји, но и за можностите за унапредување на прекуграничната соработка.

„Бизнисот може да биде тој кој ќе го обезбеди потребниот економски инпут за забрзување на процесот на европски интеграции и достигнување на посакуваното ниво на економски развој, но за тоа мора да му се обезбедат потребните услови“, изјави Штерјова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...