fbpx

Македонија е последна во регионот во справувањето со клиентелизмот во медиумите

-

Македонија е најлошо рангирана кога станува збор за способност на земјата сеопфатно да ја разбере состојбата на медиумите според декларативното постоење податоци. Нивното отсуство е индикатор за постоење клиентелизам во институционалните процеси, клиентелистички практики поврзани со медиумската сопственост и постоење на висок ризик од клиентелизам според индикаторите што се однесуваат на медиумскиот пазар, беше речено на денешната конференција „Индекс на клиентелизам во медиумите: Мерење на реалноста“, на која беа презентирани детални резултати од првото мерење на индексот на клиентелизам во медиумите во Македонија, како и резултатите од ова мерење во Романија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и во Црна Гора.

Македонија, заедно со Босна и Херцеговина, е последна во регионот, со дури негативна вредност на индексот за целокупниот систем за справување со клиентелизмот во медиумите.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека оваа е најризичната категорија за сите земји пред сè поради осуство на податоци, односно вкупно 60,61 отсто од сите податоци биле недостапни.

Од друга страна, Македонија е рангирана на второто место, веднаш по Хрватска, кога станува збор за способноста на општеството да ја мери реалноста на медиумите, односно во која мера медиумските политики се носат како одговор на претходно дефиниран проблем.

– Ваквата позиција се должи на активностите на невладиниот сектор во областа на медиумите и заштита на правата на новинарите. Во суштина, и добар дел од податоците во истражувањето ги добивме од здруженијата на граѓани, кои се фокусирани на различни сегменти од медиумската индустрија – рече истражувачката и аналитичарка Александра Илоска од асоцијацијата „Паблик“.

Индексот на клиентелизам во медиумите (МЦИ) врз основа на емпириски податоци ги мери политичките влијанија врз медиумите, постојната регулативна рамка, институционална поставеност и клучните економетриски мерења на реалноста во која работат медиумите и новинарите од Југоисточна Европа. Индексот ги опфаќа сите клучни прашања што се однесуваат на насоките на Европската комисија за развој на слободата на медиумите, како и насоките на постојните индекси што ги мерат медиумските слободи („Фридом хаус“, „Репортери без граници итн“), но на поинаков начин. Покрај мерење на реалната слика на медиумите во Југоисточна Европа, МЦИ дава детален увид и во сите апекти од функцинирањето на  медиумите, носителите на одлуки, како и на оние кои сакаат да учествуваат во јавните расправи за медиумските политики.

Истражувањето покажува дека транспарентноста во медиумската сопственост е најголема во Србија, додека Македонија се наоѓа на четврто место, но пред Хрватска и Босна и Херцеговина, додека, пак, монополистички практики се бележат во сите земји во регионот. Во поглед на достапните документи за транспарентноста во финансирањето на јавните медиуми, Романија предничи во однос на сите земји. Македонија и Хрватска се наоѓаат на ист ранг, односно во овие две земји не е возможно да се добие увид во комерцијалните договори со кои се финансираат медиумите во јавна сопственост.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...