fbpx

Конференција „Активен туризам во Европа“: Автентичноста е клучот за брз развој

-

Балканските туристички центри, како Охрид, Скопје, Белград, Сплит, Загреб и други, треба да ги привлекуваат странските туристи со својата автентичност.

Ова е фокусот од заклучоците на  првата регионална конференција за активен туризам во Европа на која, изминативе неколку дена во Охрид,  учествуваа повече од 300 делегати, туристички работници, новинари од светските списанија за патување, туристички оператори и соработници во областа на туристичкото работење.

Лејла Брчкалија, генерален секретар на Туристичката асоцијација на Босна и Херцеговина, препорача да се користи добрата практика од странство за да се работи на развојот на туризмот во регионот.

– Авантуристичкиот туризам е значаен како за Босна и Херцеговина, така и за сите други земји од регионот. Ние и сме комплементарни едни со други. Работиме на тоа да се промовира авантуризмот, сплаварењето, планинарењето или облиците на културно-историски туризам. Се надеваме и на понатамошна соработка со другите земји од Балканот – истакна Брчкалија.

Лумтурије Гечи, вработена во Министерството за туризам и индустрија во Косово, кажа дека конференцијата која се одржа во Охрид била одлична можност за Косово да ги претстави своите туристички потенцијали.

– Релјефот на Косово е како создаден за ридско-планински туризам. Тоа е голем потенцијал, доколку работиме и се залагаме да го развиеме уште повеќе. Исто така, забележав дека имаме заедничко со Охрид, а тоа е одгледувањето здрава храна, кое го негуваме и ние во Косово. Сепак, колку што ни е тоа сличност, претставува и уникатност. Ако, на пример, некоја храна ја има тука во изобилство, кај нас има некои други производи, и обратно – заклучува Гечи.

Биљана Пејоска-Ристеска, извршен директор во Стопанската комора за туризам на Македонија, објаснува дека секогаш кај странските туристи поимот авантуристички туризам, асоцира типична авантура. Но, во овој вид на туризам, постои можност за развој на бројни придружни елементи.

– Она што го забележуваме од самите делегати е дека тие сакаат да го запознаат Охрид и Македонија и на еден поинаков начин. Освен за храната, тие се многу заинтересирани за културниот и за здравствениот туризам. На турата која ја имавме, сите беа воодушевени од Плаошник, Канео и од другите места – рече Пејоска-Ристеска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...