fbpx

Компанијата „Камфуд“ ќе гради хотел во Охрид

-

Македонската компанија „Камфуд“, заедно со еден од најреномираните светски хотелски брендови, чиешто име засега не се открива, ќе изгради хотел со пет ѕвезди на брегот на Охридско Езеро.

– Преговорите се одвиваат според предвидената динамика. Станува збор за огромен проект и мора да се согледаат сите аспекти. Можеме да потврдиме дека Охрид ќе добие супермодерен објект по највисоки стандарди и ќе се најде на мапата на светски познатите хотелски брендови. Тоа ќе значи и многу вработувања и подигнување на нивото на економски развој во Охрид, но и во поширокиот регион. Нашиот најголем туристички центар сега ќе може рамноправно да се носи на туристички план со земјите од регионот и со европските земји – појаснуваат од „Камфуд“.

Хотелот ќе се гради на местото на поранешната Детска болница, која минатата година, компанијата ја купи за 1,2 милиони евра. Се наоѓа на исклучително атрактивната локација во локалитетот Св. Стефан, каде што се наоѓа и една од најголемите и најубави плажи на Охридското Езеро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...