fbpx

Компаниите полошо ја оценуваат економската состојба за годинава во споредба со лани

-

Компаниите членки на Македонско-германското стопанско здружение, состојбата во стопанството за 2016 година ја оценуваат како малку полоша во однос на минатата година.

При оценување на клучните фактори, компаниите се жалат на дефицит на правна сигурност, политичка и социјална стабилност, борбата против корупцијата и криминалот, дисциплината при наплата на побарувањата и непредвидливоста во политиката од која се води стопанството.

Проценката за општата состојба ја дале 59 компании, односно една четвртина од тие што членуваат во ова здружение и тоа пред да се случат последните настани поврзани со политичката криза.

– Од 59 компании, дури 50 отсто очекуваат полоша економска состојба во тековната година. Само 10 отсто од испитаниците очекуваат подобрување на економската состојба, за разлика од минатата година кога 21 процент од испитаните компании очекувале подобрување во стопанството – изјави директорот на Македонско-германското стопанско здружение, Мартин Кнап.

Идентични како и минатата година се плановите на компаниите во врска со отворањето нови работни места и плановите за инвестици. Имено, 40 отсто од компаниите планираат да го зголемат бројот на вработените во однос на минатата година, 47 отсто од нив не планираат ниту зголемување ниту намалување на работните места. 34 отсто од компаниите сакаат оваа година да ги зголемат своите инвестиции.

На прашањето дали пак би инвестирале во Македонија, 75 отсто дале позитивен одговор, што е опаѓачки тренд за разлика од изминатите години.

Во моментов нема најави за нови германски инвестиции, ниту, пак, има најави за повлекување на веќе постоечките.

Во однос на одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболицијата и укажувањата на дел од компаниите за правната несигурност на државата, Кнап одговори дека како стопанска комора најмногу се интересираат за економскиот систем во државата и за тоа претпријатијата да создаваат вредности од кои ќе живеат сите, па и политичарите.

– Ситуацијата со бизнисот речиси секаде е иста кога има избори во државите на Југоисточна Европа. Сите се концентрирани на изборите и на тоа кој ќе победи. Разликата со земјите од Западна Европа е што оваа информација бизнисмените ја ставаат на маргините. Се води политика која е пријателски настроена кон економијата. Добро е кога ќе дојде ред кога информациите од изборите и од изборните резултати ќе бидат информации од втор ред за бизнисмените – додаде Кнап.

Најдобри оцени компаниите дале за работниот кадар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...