fbpx

Компаниите ќе можат да користат финансии од ЕИБ за иновативни бизниси

-

Македонските компании ќе можат да ги искористат најновите финансиски инструменти за поддршка на иновативни бизниси на Европската инвестициона банка (ЕИБ), во делот на поддршка на мали и средни претпријатија (МСП), наменет за земјите од Западен Балкан.

– Утврдени се и категоризирани неколку сегменти за финансирање банки и финансиски посредници, средни и големи иновативни бизниси, како и големи истражувачки и иновациски проекти кои произлегуваат од универзитетите и од истражувачките организации. Исто така, финансиски средства се издвоени и за пилот-проекти во областа на обновливите извори на енергија, проекти за вакцини, лекови, медицински и дијагностички уреди. Понудени се и советодавни услуги за компаниите кои инвестираат во иновации за да можат да бидат подобро подготвени за пристап до финансирање од ЕИБ – изјави Митко Алексов, извршен директор на Сојуз на стопански комори на Македонија

Од страна на ЕИБ директното финансирање ќе се однесува само за поголеми проекти кои се со вредност помеѓу 15 и 20 милиони евра.

– Финансирањето на мали и средни компании или обезбедување на потребни гаранции од страна на ЕИБ ќе се одвива преку финансиските институции, поточно банките. Така, во следниот период банките треба да планираат и да се концентрираат на иновативни компаниии и проекти. Доколку постои дилема дали одредена компанија е мала или голема, можат да се обратат до ЕИБ и да се направи евалуација – изјави Алексов.

Станува збор за финансии на ЕУ за иноваторите „Инов фин“ (InnovFin), заедничка иницијатива лансирана од европската група на инвестициони банки (ЕИБ и ЕИФ) во соработка со Европската комисија преку програмата „Хоризонт 2020 година“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...