fbpx

Комитетот за разузнавање на Сенатот ги отфрли тврдењата на Трамп дека бил прислушуван

-

Не постојат никакви индиции дека кулата „Трамп“ била надгледувана и дека комуникациите биле следени од владата на САД, пред или по претседателските избори минатата година, соопштил денеска Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат, јавува „Би-би-си“.

Во заедничка изјава, претседателот на комитетот, републиканскиот сенатор Ричард Бур, и неговиот заменик, сенаторот Марк Ворнер, ги отфрлиле тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека тој бил прислушуван.

„Врз основа на информациите кои ни се достапни, нема никакви индиции дека кулата „Трамп“ била предмет на надзор од кој било елемент на владата на САД, пред или по изборите“, било наведено во заедничката изјава на сенаторите Бур и Ворнер.

Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер, како што пренесува „Би-би-си“, денеска изјавил дека Трамп останува на своите тврдења дека му биле прислушуваните телефоните во кулата „Трамп“ по наредба на неговиот претходник Барак Обама.

Спајсер, исто така, одбил да го прифати извештајот на Комитетот за разузнавање на Сенатот и изјавил дека „во него нема никакви наоди“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...