fbpx

Комисиската расправа за нацрт-амандманите на Уставот почнува денеска

-

Собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе ја започне расправата за четирите нацрт-амандмани на Уставот што ги достави Владата согласно Договорот од Преспа, со што започнува втората фаза од постапката за уставни измени. Расправата може максимум да трае 12 дена односно по три дена за секој амандман. Пленарната седница на која ќе се разгледуваат нацрт-амандманите, претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за 1 декември.

Нацрт амандманите се утврдуваат со просто мнозинство или 61 глас, за разлика од последната фаза за усвојување на амандманите, за што повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство или поддршка од најмалку 80 пратеници.

Премиерот Зоран Заев во петокот на прес-конференцијата во Владата соопшти дека четирите амандмани се едноставни, немаат ништо спорно и се во согласност со меѓународните стандарди и заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на интеграцијата во ЕУ и во НАТО.

Првиот амандман се однесува на замената на зборовите Република Македонија со Република Северна Македонија, согласно Преспанскиот договор. Вториот амандман е за преамбулата на Уставот, каде одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од Првото заседание на АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор. Во третиот амандман се додава дека „земјата го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави“. Со четвртиот амандман се укажува на тоа дека државата ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...