fbpx

Комисиската расправа за буџетот почна без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

-

Првото продолжение на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет почна во 13.20 часот, откако пет пати беше одложувана. На седницата не учествуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Со комисијата претседава пратеникот на СДСМ, Васко Ковачевски, кој на почетокот рече дека бил овластен од претседателот на Собранието, Талат Џафери, да ја води оваа седница.

Пратеникот на СДСМ, Јован Митрeвски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се вратат на седницата за да имаат, како што рече, „суштинска дебата за овој значаен документ“.

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да дојдат да се вклучат во дискусијата за буџетот и да ги бранат многуте амандмани што ги предложија. Доколку донесат таква одлука, во секој момент претседателката на комисијата, Лилјана Кузмановска, може да дојде и да продолжи да ја води дебатата, која треба да биде суштинска. Поминаа шест дена, а за комисиска расправа се предвидени 10 дена – рече Митревски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народна банка-ММФ: Денарот е стабилен, инфлацијата под контрола

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, заменик министерот за финансии, Филип Николоски и вицегувернерот Фадил Бајрами се дел македонската делегација на Пролетните средби на ММФ и Светска банка. На...